И оваа година во организација на Светската асоцијација на фудбалските синдикати ,,FIFPRO” и Светската фудбалска асоцијација ,,FIFA” фудбалерите од целиот свет ќе можат да ја одберат најдобрата единаесетка во светот на фудбалот (WORLD 11).
Фудбалерите од Првата Македонска фудбалска лига исто како и предходните две години ќе земат учество во изборот на овогодишните најдобри единаесет.
Синдикатот на фудбалери на Македонија-СФМ и оваа година ќе ги посети сите клубови од првата лига кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2019/2020 со цел да и фудбалерите од Македонија земат учество во овој најкомпентентен избор за најдобри фудбалери во светот на фудбалот.