Оваа година по втор пат нашиот синдикат и нашите играчи ќе учествуваат во изборот на најдобри единаесетмина во светот на фудбалот по изборот на ФИФА и ФИФПРО.
Во текот на месеците Јули и Август од страна на Синдикатот на фудбалери на Македонија-СФМ ќе бидат посетени сите клубови од Првата Македонска Фудбалска Лига.
При посетата на клубовите самите играчи ќе гласаат за најдобрите единаесетмина во светот на фудбалот, а со тоа и самите ќе земат учество во изборот на најдобрите фудбалери во изминатата натпреварувачка сезона.