Работилница во организација на Синдикатот на Фудбалери на Македонија
На ден 21. 03. 2019 со почеток од 16:00 часот во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи работилница со работен наслов „Менталното здравје кај професионалните фудбалери“.
На работилницата како говорници ќе бидат:
Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска -декан на Факултетот за Физичка Култура;
Проф. д-р Небојша Марковски – професор на Факултетот за Физичка Култура;
Др. Михајло Ивановски – специјалист по ортопедија и траумотологија;
Проф. Жикица Тасевски – Професор на Факултетот за Физичка Култура и професионален тренер;
Меѓу другото на самата работилница ќе стане збор и за втората кариера после професионалната кариера на фудбалерите, како и за спортските повреди кои се составен дел од нивното секојдневие.
Специјален гостин ќе биде г-дин Мирко Поледица, председател на Синдикатот на фудбалери на Србија.
Ова ќе биде прва работилница од ваков вид и се надеваме дека ќе биде од голема корист за самите фудбалери.