Работилница - „Менталното здравје на фудбалерите“
Делегација на СФМ составена од претседателот и генералниот секретар присуствуваа на работилницата посветена на менталното здравје на сегашните и поранешните фудбалери која се оддржа во куќата на фудбалот, седиштето на ФИФПро во Хофдорп-Холандија на 24 и 25 Октомври.
Менталното здравје на фудбалерите е табу тема на овие простори и затоа оваа работилница беше доста корисна за запознавање со самиот проблем. Голем акцент беше ставен на поранешните фудбалери кои имаат проблем после завршувањето на кариерата, и продолжување со нормален живот.
Беау Буш-национален менаџер за развој на играчите во ПФА-австралискиот синдикат на фудбалери, Мајкл Бенет од ПФА англискиот синдикат на фудбалери, Ненси Чилингворт од рагби асоцијацијата на Република Ирска и Винсет Гоутербарг шеф на медицинскиот оддел на ФИФПро имаа свои панел дискусии и презентации со примери од играчи со проблеми со менталното здравје.
Меѓу другото беше заклучено дека освен психолошките проблеми и стресот за време на професионалната кариера голем дел од играчите подлегнуваат на многу пороци како што се алкохолот, дрогата и коцкањето. Во голем дел од анкетираните фудбалери голема причина за нарушување на менталното здравје се тешките повреди кои тие ги добиваат во текот на нивната кариера. Во комуникација со синдикатите од источна европа беше заклучено дека играчите од овие простори се плашат да зборуваат за овие проблеми и да ги изнесат во јавност. СФМ во соработка со ФИФПро ќе работи во иднина на оваа проблематика и очекуваме во текот на следната година да организираме една работилница во Македонија баш на оваа тема.