42490476_2232904803595310_3648062611821428736_o
42444000_2232904953595295_4864312185142116352_o
42537999_2232904676928656_8094471240657403904_o
42601097_2232905420261915_4665922586268401664_n

Вчера вечер во Лондон во организација на ФИФА и ФИФПРО се одржа церемонијата за доделување на наградите за најдобрите единаесет во светот на фудбалот (WORLD) 11.
Исто така се доделија и наградите за најдобар фудбалер и најдобар голман за измината сезона 2017/2018, во кое земаа учество и фудбалерите кој настапуваат во првата македонска фудбалска лига.
Овој избор е најкомпентентен бидејќи најдобрите фудбалери беа одбрани и изгласани од самите професионални фудбалери, кое гласање беше спроведено од синдикатите на фудбалери ширум целиот свет. Гласањето во Македонија кое оваа година се одржа по втор пат го спроведе Синдикатот на фудбалери на Македонија-СФМ.
За најдобар фудбалер оваа година беше избран играчот на Реал Мадрид и Хрватската репрезентација Лука Модрич.
Тибо Куртоа голманот на Реал Мадрид и Белгиската репрезентација беше избран за најдобар голман.
Во најдобрите единаесет се најдоа следниве фудбалери: Давид Де Геа -Манчестер Јунајтед (голман)

Четворицата во одбрана се:
Дани Алвес – ПСЖ
Рафаел Варан – Реал Мадрид
Серхио Рамос – Реал Мадрид
Марсело – Реал Мадрид

Средниот ред го сочинуваат:
Лука Модрич – Реал Мадрид
Нголо Канте – Челзи
Еден Азар – Челзи

И во нападот:
Кристијано Роналдо -Јувентус
Килиан Мбапе -Псж
Лионел Меси- Барселона