Оваа година во изборот за најдобрите единаесет во светот на фудбалот (World 11) како во машкиот така и во женскиот фудбал гласаа рекорден број на професионални фудбалери 28.322 гласови од 70 земји од целиот свет го дадоа гласот за најдобрите колеги во светот на фудбалот

.

     (World 11) е единствената светска фудбалска награда за која одлучуваат исклучиво професионалните фудбалери. Во најтесниот круг на ,,FIFPRO World 11” влегоа 26 машки и 26 женски фудбалери кои добиле најмногу гласови за нивните настапи од 21 август 2023 до 14 јули 2024 година.

     Како и секоја година така и оваа, во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија македонските фудбалери и фудбалерки учествуваа во гласањето и изборот на најдобрите единаесет во светот на фудбалот (World 11) за оваа сезона.

     Победниците ќе бидат објавени на 9 декември 2024 година.