Претставници на СФМ ја посетија репрезентацијата на Македонија во нивната база во хотел „Хилтон“.
На фудбалерите и стручниот штаб им посакавме многу среќа и успех на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Во рамките на посетата, остваривме краток и конструктивен состанок со сите репрезентативци и членови на стручниот штаб. Нашите репрезентативци ја изразија својата поддршка за работата на СФМ и ја истакнаа важноста на континуираната поддршка за фудбалерите што настапуваат во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
СФМ и понатаму останува посветен на унапредување на правата и условите за сите фудбалери во Македонија.