На ден 09.02.2026 год. во Хотел Глориус, во Велес, беше одржано  редовно  годишно Генералното Собрание на СФМ во кое учество зедоа голем број на членови на Синдикатот. Со оглед на околноста да истото беше и изборно за отворени три места во Извршниот одбор како и за едно испразнето место во Надзорниот одбор, се изврши и избор за истите. За членови на Извршниот одбор кандидатури поднесоа 7 членови, а за Надзорниот одбор беа поднесени 2 кандидатури. За нови членови во Извршниот одбор беа изгласани Јане Николовски, Александра Јовановска и Марјан Герасимовски. За нов член на Надзорниот одбор беше изгласан Илчо Боров. Новиот Извршен одбор даде предлози и за избор на ново раководство на СФМ, кои предлози беа дадени на верификација на Собранието, со која беше утврден новиот состав на Претседателството. За Претседател беше избрана Валерија Ваљак Неделковска, за Генерален Секретар Марјан Герасимовски  и за Потпретседател беше избрана Александра Јовановска. Им честитаме на изборот и им посакуваме успешна работа во иднина.

       На Генералното Собрание учество зема како предавач и г-динот Борче Христов кој како директор на центарот за едукација при ФФМ, го објасни начинот на добивање тренерска лиценца, како и придобивките од едукација по завршувањето на активната фудбалска кариера како играч.