Во текот на 11 и 12 Јуни 2025 год. во Стокхолм, Шведска се одржа годишното собрание на Европската дивизија на ФИФПРО.

      На истата присуствуваше и делегација на СФМ предводена од г-дин Панче Ќумбев како претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Марјан Пљаков како правник на СФМ.На истата беше дискутирано на повеќе теми како: Извештајот на стратешкиот план на ФИФПРО за изминатиот период 2022-2025, последни новости во машкиот и женскиот фудбал во Европа и др. 

     Исто така на ова Собрание беше одржан и избор на членовите на Бордот на Европската Дивизија како и избор на претседател на истиот. Се гласаше за пет членови на кои им беше истечен четиригодишниот мандат. По излагањето на програмите на кандидатите се пристапи кон гласање и беа избрани: Мила Христова од бугарскиот, Спирос Неофитидис од кипарскиот, Маркета Хандлова од чешкиот, Мехмет Аслан од турскиот и Карло Мaмо од малтешкиот синдикат. Им посакуваме среќа во понатамошното работење.  

     На конгресот присуствуваше и г-динот Џорџо Маркети од УЕФА кој имаше презентација и евалуација на новиот формат на клупско натпреварување во УЕФА. Свои излагања во делот на правните збиднувања имаа Александра Гомез Бруиневоуд и Александер Биелефелд од ФИФПРО како и правникот Алфонсо Ламадрид како гостин спикер за конкурентноста во спортот во ЕУ.

.