Церемонијата за доделување на наградите во 2019 година за најдобри фудбалери во светот(WORLD 11) се одржа вчера вечер во Милано. Под покровителство на Светската синдикална федерација ФИФПРО и Светската фудбалска федерација ФИФА, која е дел од оваа престижна церемонија на доделување награди од 2009 година.

Во изборот на годинешните најдобри единаесет фудбалери во светот на фудбалот земаа учество и фудбалерите на сите прволигашки екипи од Македонија, а гласањето го спроведе Синдиктот на фудбалери на Македонија – СФМ.

Фудбалерите ширум светот го избраа тимот кој е составен од 1 голман, 4 одбранбени играчи, 3 играчи од средниот ред и 3 од нападот, врз основа на нивниот учинок во текот на сезоната 2018-2019

Фудбалерите одлучија дека FIFA & FIFPRO World11 2019 Најдобрите единаесет на светот за 2019 година се:

Голман:

Алисон Бекер (Бразил, Ливерпул)

Одбрана:

Виргил ван Дaјк (Холандија, Ливерпул)

Матијaс де Лихт (Холандија, Ајакс / Јувентус)

Марсело (Бразил,Реал Мадрид)

Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид)

Среден ред:

Еден Азард (Белгија, Челси /Реал Мадрид)

Френки де Јонг (Холандија, Ајакс /Барселона)

Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид)

Напад:

Кајлијан Мбапе (Франција, Париз Сен Жермен)

Лионел Меси (Аргентина, Барселона)

Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус)