Повеќе од  23.000 професионални фудбалери од целиот свет  гласаа за најдобрите единаесет (WORLD 11) за 2019 година, избирајќи  1 голман, 4 одбранбени играчи, 3 играчи од средниот ред и 3 од нападот за сезоната 2018-2019

ФИФПРО ги објави 55 кандидати за изборот на најдобрите единаесет во светот на фудбалот (FIFA & FIFPRO WORLD 11) за 2019 година.

За прв пат од 2009 година, англиските клубови во Премиер лигата имаат најмногу играчи на потесниот список на ФИФА И ФИФПРО во 2019 година.

Англиските клубови ги заменија шпанските клубови  од Ла Лига со најмногу играчи на списокот со 55 фудбалери кој е објавен  денес.

Клубовите од  Ла Лига имаа најмногу играчи во претходните девет избори, но оваа година имаат еден играч помалку од  Премиер лигата: 20 наспроти 21 играчи.

Реал Мадрид и Барселона имаат најмногу играчи од своите редови во овој список, а  додека освојувачот на Лигата на шампиони за оваа година Ливерпул со вкупно 7 играчи, има најмногу играчи од клубовите кои доаѓаат од Англиската Премиер лига.

 

Шампионот на Јужна Америка Бразил има 10 играчи на списокот.

Најдобрите единаесет (FIFA & FIFPRO WORLD 11) ќе бидат објавени на 23 септември во Милано Италија

Најмногу гласови добија следниве играчи:

 

Голмани

Алисон Бекер (Бразил,  Ливерпул)

Дејвид  Де Геа (Шпанија, Манчестер Јунајтед)

Едерсон Мораеш (Бразил, Манчестер Сити)

Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид)

Марк-Андре тер Штеген (Германија,  Барселона)

Одбрана

Жорди Алба (Шпанија, Барселона)

Трент Александар-Арнолд (Англија, Ливерпул )

Даниел Алвес (Бразил, Париз Сен Жермен / Сао Паоло)

Жоао Кансело (Португалија, Јувентус / Манчестер Сити)

Даниел Карвахал (Шпанија, Реал Мадрид)

Џорџо Киелини (Италија, Јувентус)

Виргил Ван Дијк (Холандија, Ливерпул)

Диего Годин (Уругвај, Атлетико / Интер)

Џошуа  Кимик (Германија, Баерн Минхен)

Калиду Кулибали (Сенегал, ССС Наполи)

Америк Лапорт (Франција, Манчестер Сити)

Матијас де Лихт (Холандија, Ајакс / Јувентус)

Жерард  Пике (Шпанија, Барселона)

Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид)

Ендру Робертсон (Шкотска, Ливерпул)

Алекс Сандро (Бразил, Јувентус)

Тијаго Силва (Бразил, Париз Сен Жермен)

Рафаел Варан (Франција, Реал Мадрид)

Марсело Виеира (Бразил, Реал Мадрид)

Кајл Вокер (Англија, Манчестер Сити)

Среден Ред

Серхио Бускетс (Шпанија, Барселона)

Касемиро (Бразил, Реал Мадрид)

Кевин Де Брујн (Белгија, Манчестер Сити)

Кристијан Ериксен (Данска, Тотенхем)

Френки де Јонг (Холандија, Ајакс / Барселона)

Еден Aзард (Белгија, Челзи / Реал Мадрид)

Н’Голо Канте (Франција, Челзи)

Тони Крос (Германија, Реал Мадрид)

Артур Мело (Бразил, Барселона)

Лука Модрич (Хрватска, Реал Мадрид)

Пол Погба (Франција, Манчестер Јунајтед)

Иван Ракитич (Хрватска, Барселона)

Бернардо Силва (Португалија, Манчестер Сити)

Душан Тадич (Србија, Ајакс)

Артуро Видал (Чиле, Барселона)

Напад

Серхио Агуеро (Аргентина, Манчестер Сити)

Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид)

Роберто Фирмино (Бразил, Ливерпул)

Антоан Гризман (Франција, Атлетико /Барселона)

Хари Кејн (Англија, Тотенхем)

Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен)

Садио Мане (Сенегал, Ливерпул)

Килијан Мбапе (Франција, Париз Сен Germермен)

Лионел Меси (Аргентина,Барселона)

Нејмар Јуниор (Бразил, Париз Сен Жермен)

Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус)

Мохамед Салах (Египет, Ливерпул)

Хјунг-Мин Сон (Јужна Кореја, Тотенхем)

Рахим Стерлинг (Англија, Манчестер Сити)

 

Луис Суарез (Уругвај, Барселона)