Во организација на СФМ и Аџибадем Систина заклучно до денес се тестирани точно 352 луѓе на Ковид 19 од македонските фудбалски клубови.
Најбројни меѓу нив беа фудбалерите,па членовите на стручните штабови и сите луѓе кои работат во клубовите а имаат контакт со играчите.
Фк Вардар, Фк Борец,Фк Шкендија,Фк Ренова,Фк Академија Пандев,Фк Работнички,Фк Македонија Ѓорче Петров од прволигашите,Фк Брегалница Штип од второлигашите и Фк Росоман и Фк Слога Виница од третолигашите учествуваа во ова тестирање.Тестирање ни одбија Фк Шкупи и Фк Струга со образложување дека ќе се тестираат во друга клиника.Тестирањето во Фк Силекс беше планирано за оваа недела но бидејќи првенството е и официјално прекинато заклучивме дека нема потреба од нивно тестирање затоа што воопшто не тренираат.Доколку од Фк Силекс сметаат дека има потреба ние им стоиме на располагање и ќе им биде извршено тестирање.
Голема благодарност до Аџибадем Систина и нивните вработени за нивната професионалност и ажурност во оваа акција.
Да напоменеме дека тестирањето комплет финансиски го покрива Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Финансиски сумата не е мала но целта ни беше голема.А тоа е здравјето на фудбалерите.
Спортски поздрав
СФМ