Синдикатот на фудбалери на Македонија одржа работен состанок со девојките од најдобрата македонска фудбалска селекција.На состанокот беше претставена програмата на ФИФПРО за развој на женскиот фудбал во целиот свет.На состанокот сите девојки од националниот тим потишаа пристапници и веќе се наши членови.Од оваа година СФМ ќе биде во сервис и на сите девојки што играат фудбал во Македонија со цел на создавање подобри услови во женскиот фудбал.Посебна чест и задоволство ни е да објавиме дека нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова е почесен амбасадор на СФМ.
Сакаме да искажеме голема благодарност до девојките репрезентативки и на целиот стручен штаб на репрезентацијата на чело со селекторот Кирил Изов за топлиот прием и професионалниот однос при нашата посета.
