Синдикатот на фудбалери на Македонија по добиена анонимна информација дојде до сознание дека на ден 27.05.2019 год. од страна на Дисциплинската комисија на ФК Работнички АД Скопје е изречена одлука со која се казнуваат стручниот штаб и фудбалерите на ФК Работнички со парична казна во висина од 2.000 евра, поради непрофесионално и некоректно однесување на играчите и стручниот штаб по одиграниот натпревар со ФК Шкупи на ден 26.05.2019 год. Ваквата одлука е донесена по прегледаната видео снимка од страна на дисциплинската комисија. Сите оние кои што имаа можност да го гледаат горе споменатиот натпревар знаат и самите дека момците од ФК Работнички го дадоа својот максимум и ги оставија своите срца на теренот, како и секогаш.Овака донесената одлука спрема играчите и стручниот штаб на ФК Работнички не веруваме дека е последица на незалагањето на играчите и истата не претставува објективна слика на одржаниот натпревар.Ние како Синдикат кој се грижи за правата на фудбалерите, како и за сите инволвирани во фудбалот ВО ЦЕЛОСТ стоиме позади фудбалерите и стручниот штаб, и доколку истите ни се обратат индивидуално или колективно во врска со ова прашање ние безрезервно се нудиме за разрешување на било какви проблеми нормално поврзани со фудбалот. Исто така би сакале да видиме и малку поголема ангажираност од страна на Дисциплинските органи при ФФМ при разрешувањето на овакви ситуации во фудбалот во нашата држава. Во ФИФА праксата не постои казна за субјективна оценка,и во судската пракса никој бе може да биде казнет доколку против него не се започне постапка и не му се овозможи право да се брани. P.s Ова е наша реакција по допрен глас,и се надевам дека раководството на ФК Работнички ќе ја преиспита и ќе ја повлече оваа одлука. Спортски поздрав СИНДИКАТ НА ФУДБАЛЕРИ НА МАКЕДОНИЈА