На 29 август во Охрид се одржи регионален состанок на синдикатите на професионални фудбалери во организација на синдикатот на фудбалери на Македонија. Учество земаа синдикатите од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и домаќинот Македонија. Филип Поповски-генералниот секретар на фудбалската федерација на Македонија и Никола Зердески беа претставници од куќата на фудбалот. Беше презентирана досегашната работа на СФМ како и плановите за иднина,но главен акцент беше ставен на формирање на независна судска арбитража.Повеќе од неопходно е формирање на независна арбитража која би имала улога да ги решава сите спорови кои ги водат клубовите, фудбалерите и сите вклучени во нашиот фудбал. Од досегашната наша пракса сите спорови до сега ги водиме на редовен суд а тоа одзема многу време,па овој вид на арбитража као што е пример во некои земји од соседството ќе биде од голема полза за сите кои што работат во фудбалот. Донесен е заклучок а воедно и започната е иницијатива веќе од овој месец да седнат на маса сите засегнати страни (во овој случај клубовите,синдикатот и Ффм) и најдат што побрзо решение и начин оваа арбитража да заживее и кај нас. Ние како синдикат ќе сториме се што е во наша моќ да се реализира оваа идеа со голема помош од нашите пријатели од регионот и пред се нашата матична куќа ФИФПРО.
- Почетна
- СФМ
- ФФМ
- Документи
- Пријава за регистрација
- Професионален договор МК-EN
- Стипендиски договор
- Дисциплински правилник
- Договор за отстапување на фудбалер
- Исписница
- Одлука за раскин на договор за привремено отстапување
- Одлука за спогодбен раскин
- Потврда за бришење од евиденција на регистрирани фудбалери
- Правилник за регистрација, статус и трансфер на фудбалери
- Документи
- FifPro
- Линкови
- Контакт