Денес на 14.02.2025 год. беше остварена средба помеѓу претседателот на Синдикатот на Фудбалери на Македонија- СФМ Панче Ќумбев и претседателот на Фудбалска Федерација на Македонија – ФФМ Масар Омерагиќ. Вредно е да се спомне дека после подолг период на неактивна комуникација со Фудбалската Федерација, беше повторно воспоставена директна соработка од којашто треба да произлезат повеќе проекти , коишто чекаат подолго време да се реализираат. Едно од најгорливите прашања во решавањето на споровите коишто произлегуваат во фудбалското работење, беше неактивноста на Арбитражниот суд при ФФМ. Со гордост можеме да кажеме дека денес добивме потврден одговор дека следниот период ќе се започне со организација и работа на арбитражата при Фудбалската Федерација на Македонија, којшто процес ќе биде потмогнат како од наша страна и од Фубалската Федерација, така и од ФИФПРО и УЕФА. Исто така беше дискутирано и за потесна соработка и на други нови проекти, коишто се надеваме дека ќе бидат реализирани, како резултат на обновена соработка со ФФМ.
