Последен поздрав до нашиот член Андреј Лазаров, почивај во мир голем човеку. Твојата несебичност и храброст нема да остане незапамтена иако секогаш оние најдобрите и најплеменити рано не напуштаат. Сочувство до семејството и најблиските, за сите жртви на оваа трагедија која ја зави целата нација во црно. Слава им на прерано починатите, и најголема осуда за виновниците на овој трагичен настан кој засекогаш ќе остане запаметен како една од најголемите трагедии на нашата држава.