ФИФПРО и ФИФА во соработка со синдикатите на
фудбалери од целиот свет ги објавија најдобрите 11 во светот на фудбалот (WORLD
11) за сезоната 2019/2020.
Пандемијата која го зафати целиот свет не дозволи оваа година гласањето за најдобрите 11 да биде вообичаено како минатите години со посета на клубовите . ФИФПРО во соработка со Синдикатот на фудбалери на Македонија – СФМ оваа година гласањето во Македонија го спроведе преку смс пораки . Фудбалерите од првата македонска лига гласаа на линкот кој им беше испратен од наша страна и со тоа по четврти пат земаа учество во овој избор за најдобри фудбалери за мината сезона . Ливерпул и Баерн Минхен доминираат во изборот на најдобри во сезоната 2019/2020. Англискиот и Германскиот шампион имаат седум играчи на овој специјален тим кој е одбран од нивните колеги играчи од целиот свет . Во овогодишниот избор се најдоа шест играчи кои за прв пат се во тимот на најдобри 11- Алкантара , Александар – Арнолд , Дејвис , Левандовски , Кимих и Кевин Де Брујн .
Најдобри 11 (WORLD 11) за сезоната 2019/2020 се:
ГОЛМАН
Алисон Бекер (Ливерпул/Бразил)
ОДБРАНА
Трент Алекс-Арнолд (Ливерпул/Англија)
Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен/Канада)
Вирџил ван Дајк (Ливерпул/Холандија)
Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија)
СРЕДЕН РЕД
Тиаго Алкантара (Баерн Минхен/Ливерпул/Шпанија)
Кевин Де Брујн (Манчестер Сити/Белгија)
Џошуа Кимих (Баерн Минхен/Германија)
НАПАЃАЧИ
Роберт Левандовски (Баерн Минхен/Полска)
Лионел Меси (Барселона/Аргентина)
Кристијано Роналдо (Јувентус/Португалија)