Доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери во светот за 2022 година овојпат се одржа во Париз, главниот град на Франција. Осумнаесетти пат по ред под покровителство на Светската асоцијација на фудбалски синдикати FIFPRO и ФИФА. За најдобрите единасет фудбалери гласаа 18.640 фудбалери од 68 земји од целиот свет. Фудбалерите од Првата Македонска фудбалска лига гласаа во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија. Фудбалерите одлучија дека најдобрите единаесет на светот за сезоната 2021/2022, FIFA FIFPRO WORLD11 2022 се: Голман:Тибо Куртоа (Белгија) Одбрана:Жоао Кансело (Португалија), Вирџил ван Дијк (Холандија) и Ашраф Хакими (Мароко) Среден ред: Касемиро (Бразил) , Кевин Де Брујне (Белгија), Лука Модриќ (Хрватска) Напад: Карим Бензема (Франција), Ерлинг Халанд (Норвешка), Килијан Мбапе (Франција), Лео Меси (Аргентина) За најдобрите единаесет во светот на женскиот фудбал гласаа над 6.000 фудбалерки од 68 земји. За прв пат оваа година гласаа и фудбалерките од Првата женска фудбалска лига на Македонија во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија . Фудбалерките одлучија дека најдобрата единаесетка во светот за сезоната 2021/2022, FIFA FIFPRO WORLD11 2022 е следнава: Голман: Кристијане Ендлер (Чиле) Одбрана: Луси Бронз (Англија), Мапи Леон (Шпанија), Венди Ренард (Франција), Лија Вилијамсон (Англија) Среден ред: Лена Обердорф (Германија), Алексија Путелас (Шпанија), Кира Волш (Англија) Напад:, Сем Кер (Австралија), Бет Мид (Англија), Алекс Морган (САД).