На ден 21-03-2019 година со почеток од 16.00 часот во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија се оддржа работилница со главна тема “Менталното здравје кај професионалните фудбалери”
Главниот збор го имаше Проф.д-р Ленче Алексовска Величковска деканот при Факултетот за Физичко образование,спорт и здравје. Видовме одлично предавање на тема Ментално здравје кај фудбалерите,со неколку примери од светски рамки.
Проф. д-р Небојша Марковски ја презентираше едукативната програма на Уефа при ФФМ за лиценцирање на професионалните тренери,со цел да им помогнеме на актуелните и поранешните играчи кои што сакаат да запливаат во тренерските води.
На тема “Образованието на фудбалерите –Неопходност или избор” говореше Проф.д-р Жикица Тасевски кој воедно е и професионален тренер.Професорот ја промовираше и новата програма при Факултетот за физичко образование,спорт и наука со која им се овозможува на сите професионални играчи полесно студирање и едуцирање во изборот за втора кариера после фудбалската.
Околу спортските повреди и рехабилитација после нив,како и за кампањата на Фифпро за потрес на мозокот говореше Др.Михајло Ивановски –специјалист по ортопедија и траумотологија.Посебен акцент беше ставен на кампањата на Фифпро за потрес на мозокот,и како играчите да го препознаат тоа на теренот.
На крај говореше нашиот гостин г-дин Мирко Поледица претседателот на синдикатот на професионални фудбалери во Србија.Господин Поледица направи одлична презентација на работата и улогата на Фифпро во светот на фудбалот и колку таа организација значи за самите фудбалери.
Да напоменеме дека на оваа работилница присуствуваа сите тимови од првата македонска лига со нивните стручни штабови,како и многу еминентни тренери и големи фудбалски имиња и легенди кои што значат многу во македонскиот фудбал.