Би сакале да истакнеме еден АПЕЛ до сите фудбалски клубови во Македонија, како и до сите фудбалери кои имаат активни професионални договори и оние што планираат да склучат нови. Имено, се работи за една веќе честа појава на одјавување на играчи од Агенција за вработување пред да на истите им истече рокот за кои што биле ангажирани со професионалниот договор, односно играчот фигурира како регистриран играч на клубот во ФФМ, но истиот повеќе не е вработен во клубот, па заклучно со тоа и клубот повеќе нема обврски спрема него. Ова еднострано одјавување без согласност на играчот е НЕЗАКОНИТО, истото ви ветуваме ќе биде најстрого санкционирано како пред надлежните судови, така и пред сите надлежни фудбалски домашни и меѓународни инстанци. Се надеваме дека во иднина нема да има ниту еден оваков немил случај, доколку навистина се стремиме кон права професионализација и квалитет на фудбалот во Македонија.