Од 1 јуни 2018 година ќе стапи на сила новиот ФИФА Правилник за статусот на играчи, кој ќе ги содржи следните одредби важни за играчите. – Ако клубот не го плати играчот два месеца, играчот ќе може да го прекине договорот на штета на клубот со претходно петнаесетдневно писмено предупредување. – Играчот, освен долгот ќе добие и надомест на штета до крајот на договорот, плус од 3 до 6 плати. – Одлуката ќе содржи казна за клубот ако во рок од еден месец не го плати долгот,и веднаш ќе се активира истата без потреба од започнување на дисциплинска постапка. Националните федерации ќе мора да ги менуваат своите правила и да ги усогласат со ФИФА Правилникот за статусот на играчите. Ги предупредуваме клубовите пред да потпишат договори со странци, добро да размислат дали можат да ги платат на време, затоа што ќе бидат изложени на големи финансиски загуби …