Делегација на Синдикатот на фудбалери на Македонија-СФМ вчера беше во посета на Летниот училишен спортски камп “Охрид 2023” кој се одржува под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Најдобрите спортисти од основните и средните училишта од цела Македонија во неколку спортови (фудбал, кошарка, стрелаштво, атлетика) собрани на едно место,работат во одлична атмосфера и во одлични услови под будното око на нивните професори и ментори.Се надеваме дека во иднина многу од нив ќе го носат дресот со државниот грб и ќе ја претставува Македонија во најдобро светло.