Во Рим во хотелот Вестин од 27 до 29 ноември беше оддржано генерално годишно собрание на Фифпро на кое учествуваа 70 земји од кои 63 се постојани членки на Фифпро-светската унија на синдикати.
Меѓу учесниците беше и делегација на СФМ-Синдикатот на фудбалери на Македонија преставувана од претседателот Панче Ќумбев и генералениот секретар Стојче Темелков.На собранието статус на нови членови на Фифпро добија Мексико,Кенија и Катар.Додека статус на кандидат членови добија Замбија,Словачка и Турција.
Згуснатиот распоред на натпревари на професионалните фудбалери,повредите на играчите,менталното здравје и Вар технологијата беа опфатени како поинтресни и актуелни теми.